Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Руи Кобајаши ја отвори со победа Новогодишната турнеа на скокалницата во Оберсдорф. Фантастичниот Јапонец само продолжи таму каде што запра во предходното издание на ова престижно натпреварување во скијачки скокови.
Со скокови од 138 и 134 метри Кобајаши освои вкупно 305.1 бодови и така стигна до петтата последователна победа на турнеата Четири скокалници.
Овој 23-годишен скокач минатата година победи на сите четири скокалници така да синоќешниот триумф во Оберсдорф му беше петти по ред со што се изедначи со Полјакот Камил Штох и Германецот Свен Ханавалд.
“Среќен сум. Бев нервозен, но успеав да се сконцентрирам. Успеав да поврзам два добри скока по подолго време. Уживав”, изјавува Кобајаши.
Кобајаши сега има 16 победи во Светскиот куп во скијачки скокови, само една помалку од легендарниот скокач Норијаки Касаи.
Второто натпреварување на овосезонската Новогодишна турнеа продолжува во Гармиш-Партенкирхен и тоа на 1. јануари. Потоа следат скокови во австриските Инсбрук и Бишофсховен.