Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Третиот тенисер на светот Роџер Федерер направи неверојатен пресврт во 1/16 финалето на Австралијан Опен.
Повеќе од четири часа траеше дуелот меѓу Федерер и домашниот тенисер Џон Милман и вистински чудо е како Швајцарецот излезе како победник.
Покажа за каков шампион станува збор, па и покрај 4:8 во супер тај-брејкот (ново правило се игра до 10) успеа да поврзе шест поени во низа и да дојде до големата победа. Скромен како и секогаш, после мечот имаше што да каже за Милман, а многу малку за неверојатниот пресврт.
“Мислам дека Џон одигра одличен натпревар. Можеше да биде тука наместо мене. Тој е одличен борец и добар човек. Тоа беше малку среќа на крајот. Веќе се подготвував да им кажам на новинарите што се случувапше во овој натпревар и зошто изгубив “, рече Роџер, додавајќи:
„Милман заслужува големи честитки и благодарение на него што гледавте ваков натпревар“.
Тој беше запрашан од водителот што мисли за мнозинството на трибините кои го поддржуваат Милман, инаку домашен претставник.
“Не грижи се за тоа. Јас нема да го земам лично. Убаво е, овој човек ја заслужува целата поддршка. Тој е одличен борец и јас ги ценам оние што се борат. Ако навивачите навиваат за мојот противник, тоа е добро”, додаде тој.