Со Пјаниќ и Алвеш ние сме на нивото на Реал, Барса и Баерн


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


Екипата на Јувентус во наредната сезона ќе биде посилна за неколку одлични фудбалери.

Тоа пред се однесува на Миралем Пјаниќ и Дани Алвеш кои станаа нови членови на италијанскиот шампион.

Колкави се очекувањата од нив зборува и изјавата на младиот Паоло Дибала кој смета дека Јувентус со нив двајца ќе ниту малку не заостанува зад најголемите клубови на денешницата.

“Во новата сезона ќе бидеме посилни за два фантастични фудбалери со кои можеме да ја освоиме Лигата на шампионите. Со Пјаниќ и Алвеш ние сме на нивото на Барса, Реал и Баерн”.

“Бевме многу блиску до трофејот и минатата сезона, но немавме среќа. Бевме елиминирани од Баерн на 30 секунди пред крајот”- изјави Дибала.