Солскјаер: Не бев сигурен дека ќе дочекам Фред да постигне гол


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед го порази Клуб Бриж синоќа на Олд Трафорд во реванш натпреварот од 1/16 финалето на Лигата на Европа, кој рано во натпреварот остана со десет играчи, заради исклучувањето на Дели.

Црвените ѓаволи славеа со 5:0 и со вкупни 6:1 во осмина финалето на Лигата на Европа.

“Јас сум многу среќен. Кога постигнувате голови и играте на овој начин, тоа ви дава дополнителна самодоверба”, изјави тренерот на Манчестер Јунајтед по натпреварот, коментирајќи за засилувањето на неговиот тим, Бруно Фернандес:

„Бруно е подготвен. Тој е во добра форма. Чувствувавме дека тој е она што ни требаше и излегува дека е точно“.

Патем, Фернандес погоди за 1-0 од белата точка синоќа за по него дебитантски погодок да запише уште еден нов играч, Одион Игало, кој поради отсуство на Марсијал го запиша првиот гол во дресот на Манчестер Јунајтед.

Потоа погоди и МекТоминај, со асистенција на Фред, за потоа да му врати на оспорениот Бразилец да ја заврши работата во финишот на натпреварот со два гола во 82-та и 93-та минута.

Солскјер имаше интересен коментар за фантастичниот настап на бразилскиот играч од средниот ред.

„Не бев сигурен дека ќе бидам жив следниот пат кога ќе постигне гол“, рече Солскјаер со смеа.

Црвените ѓаволи сега се домаќини во Премиер лигата на Евертон. Солскјер, сепак, не е сигурен дека Ентони Марсијал, кој има проблем со повреда на мускулите, ќе биде подготвен за натпревар на Гудисон парк.

“Тој се обиде денес, тој имаше тест за подготвеност утрово. Не станува збор за задната ложа, туку станува збор за повреда на коленото”, откри Норвежанецот.