Сонг ја оживува кариерата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Камерунскиот играч за врска Алекс Сонг може во ова лето да ја оживее кариерата.

Сонг сеуште е фудбалер на Барселона, а во минатите две сезони ги помина на позајмица во Вест Хем Јунајтед.

Во ова лето треба и официјално да замине од Барселона и тоа, ни помалку ни повеќе, туку во Јувентус.

Старата дама го гледа како идеално решение во средниот ред и спремна е наскоро да започне и преговори околу негово ангажирање.

Сонг пред Барселона играше за Арсенал, Чарлтон и Бастија.