Сопругата на Кутињо го прослави својот роденден, а на забавата беше само еден играч на Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Филипе Кутињо е веќе некое време главна тема на спортската јавност.

Бразилецот стигна во тимот на Барселона како огромно засилувсање во почетокот на 2018 година од тимот на Ливерпул, но сеуште ги нема оправдано очекувањата на Барса. Подолго време се шпекулира дека на Бразилецот ништо не му оди според планот и дека нема да биде изненадување ако ова лето го промени клубот.

Меѓутоа, Кутињо порача дека му се допаѓа животот во Барселона и дека нема намера толку брзо да го напушти овој град. Но, шпанските медиуми се сигурни дека ни со соиграчите нема добар однос, а како доказ ја искористија неговата сопруга.

Имено, сопругата на овој фудбалер, Аин Кутињо, вчера го прослави својот 26 роденден, а на прославата беа поканети пријателите и членовите на семејството. Но на многумина во око им падна еден играч на Барселона.

Се работи за Малком, кој очигледно е добар пријател со Кутињо, а фактот дека никој од екипата на Барселона не бил поканет доволно објаснува. Исто така, голема е веројатноста дека и Малком за време на летото можно е да ја напушти Барселона бидејќи изјави дека е незадоволен со минутажата која му е доделена.