Сопругата на Шумахер повикала полиција, но заборавила нешто важно – ќе се разоткрие мистерија долга 11 години?


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Поради тоа што сопругата на Михаел Шумахер ја известила полицијата дека нивниот поранешен телохранител ги уценува, сите податоци кои ги криела од јавноста би можеле да бидат објавени јавно.

Судот во германскиот Вупертал започна судски процес против споменатите мажи кои украле 1.500 фотографии, 200 видео-снимки и детални извештаи за состојбата на Михаел Шумахер, па судењето се очекува да биде јавно, а тоа не ѝ одговара на Корина и децата на Шумахер.

Речиси 11 години нема никакви информации за здравствената остојба на Шумахер во јавност, но сега би можело се да биде откриено поради судењето доколку истото биде јавно.

Корина побарала судењето да не биде јавно, но засега нема информации дали судот во Германија ќе го усвои барањето.