Срамно: Млад шпански атлетичар турна ривал во полн трк пред финишот (Видео)


Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Младиот шпански атлетичар Марио Паленсија е дисквалификуван откако само неколку сантиметри пред целта изведе срамен потег, го повреди ривалот и така ги остави гледачите во шок.

Шпанското атлетско првенство до 20 години се одржа минатиот викенд во местото Саламанка, а освен талентираните спортисти и одличното натпреварување, гледачите имаа можност да видат навистина редок случај на неспортски потег.

Гиљермо Санчез без никакви проблеми триумфираше во трката на 1.500 метри со импресивно време од 3:54.55. Сепак, тој не е личноста за која најмногу се зборуваше по финалето.

Додека Санчез ја славеше победата со подигнати раце, зад неговиот грб се случи сцена за која Шпанците зборуваат. Станува збор за борбата за сребрен медал.

Даниел Лопез трчаше на второ, а Марио Паленсија на трето место. Во еден момент се чинеше дека Лопез влегол во патеката на Паленсија.

Тогаш третопласираниот Паленсија силно го турна својот ривал во полн трк и го испрати на земја, што воопшто не е пријатно кога се земат во предвид околностите под кои паднал во полна брзина.

Лопез остана да лежи на подот, наводно повреден, додека Паленсија воопшто не се грижеше за него, туку уште еднаш му довикуваше, најверојатно фрустриран бидејќи ривалот му влегол во патеката на движење.