Србија е олимписки шампион во ватерполо


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После многу освоени медали на европските и светските натпреварувања, ватерполо репрезентацијата на Србија конечно дојде и до најодличното одличје на Олимписките игри.

„Делфините“ вечерва пружија одлична партија во финалето на Игрите во Рио и сосема заслужено ја совладаа Хрватска со 11:7. Србија имаше добар старт на мечот и прва стигна до водство, и тоа преку Пијетловиќ. Избриниците на Дејан Савиќ имаа неколку напади да го зголемат водството, но своите шанси не ги искористија.

Хрватските ватерполисти успееја да ги казнат промашувањата на „делфините“’ и преку Сукна дојдоа до израмнување.

Следеше потоа мини серија на „делфините“ од 2:0, а стрелци беа Мандиќ и Митровиќ. До крајот на првиот дел виден е уште еден гол. Гарсија на две и пол минути до крајот на првата четвртина успеа да го намали заостанувањето.

Во втората четвртина погодоци немаше во првите четири минути, а тогаш Србија доби шанса за со играч повеќе да ја дуплира својата предност. Хрватите успееја да се одбранат во првиот наврат, при враќање на нивните играчи во базен го примија четвртиот гол.

„Делфините“ пополека го дигаа ритамот и во многу краток период имаа +3 (5:2). Стрелец овој пат беше Гоциќ после одличен лоб.

Четириесет секунди подоцна Хрватите имаа играч повеќе, што и преку Шетке намалија на 5:3. Сепак, тоа не ја здрма екипата на Дејан Савиќ, која со феноменален погодок на Мандиќ ја враќа предноста од три гола.

Со резултат од 6:3 се отиде и на одмор. Првиот напад во второто полувреме припадна на селекцијата на Хрватска. “Баракуде“ го користат лошото поставување во одбраната на Србија и успеваат да ја затресат мрежата на „делфините“.

Четвртиот гол Хрвите е дело на Буриќ. И тогаш кога се чинеше дека хрватските ватерполисти можат да фатат приклучок, следеше бомба на Филиповиќ за 7:4.

Истиот играч зголеми на 8:4, но Сукно успеа со втор гол на мечот да ја остави Хрватска во игра (8:5).

Многумина  очекуваа дека со овој резултат ќе се заврши третиот период, но сите ги изненади Мандиќ, кој на десетина секунди пред крајот со одлична шрауба ја доведува Србија на големи 9:5.

Во одличниот ритам Србија влегува во четвртиот периот и после 23 секунди го постигна десетниот погодок. „Делфините“ многу кратко уживаа во голот на Пијелтовиќ бидејќи веќе во наредниот напад Сукно го постигна третиот гол и така намали на 10:6.

Повеќе од тоа Хрватите, сепак, не можеа.

Против разиграниот ривал до крајот на дуелот немаа ни грам шанса. Србија одигра со пола сила и со таков ритам го сочува високото водство.