Стигна понуда, ќе ја прифати ли Јоветиќ?


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Дали ова е излез за Црногорецот кого Интер мора да го откупи, но не сака да го задржи?

Според договорот Интер мора да плати 14.5 милиони евра на Сити и да го откупи договорот на Јоветиќ.

“Нероаѕурите” таа сума би требало да ја вратат со препродажба на Јоветиќ, но проблем е неговата огромна плата од пет милиони евра по сезона. Манчини не сака да го задржи, Јоветиќ гледа кон Премиер лигата, но понуди пристигнуваат само од истокот.

Најсериозната пристигна од Русија, од московска Спарта. Имено, најтрофејниот руски клуб сака конечно да ја напдне титулата и спремен е да вложи пари, а сметаат дека популарниот Јо-Јо одлично би се вклопил.

Самиот Јоветиќ не е баш воодушевен, но сака да оди некаде каде што ќе игра. На Русите не им е проблем да ја платат оштетата како ниту платата на Јоветиќ, но во овој момент се само резервна опција, бидејќи Јоветиќ сака да се врати во Премиер лигата.

Се споменуваше и неговиот поранешен клуб Фиорентина, но тие наводно немаат финасиска моќ да ги покријат примањата на Јоветиќ.