Судиите му помагаат на Реал, a Рамос тоа не го интересира: Капитенот на Реал сериозно ги критикува критичарите


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид остана на првото место во Ла Лига, откако ја совлада Мајорка со сигурни 2:0.

Еден од стрелците на „Кралевите“ беше и Серхио Рамос.

Овој натпревар беше обележан и со судиската наклонетост кон Реал. На првиот гол кога го постигна Винисиус Дани Карвајал направи очигледен фаул, но судиите не реагираа.

Прашањето за победникот го реши Серхио Рамос, кој постигна фантастичен гол од слободен удар во второто полувреме. После натпреварот, тој имаше што да им каже на критичарите.

“Тоа се нормални коментарии, тоа е затоа што ние сме први. За тоа не се зборуваше толку порано. Мислам дека судиите не донесуваат никакви одлуки однапред. Изгледа дека треба да им се заблагодариме на судиите што сме први. Не ги натерајте луѓето да ги замислуваат работите”, рече Рамос. ти испрати:

Тимот на Зинедин Зидан нема да има многу време за одмор. Мртвата трка со Барселона продолжува три дена со гостувањето кај Еспањол.