Суперкомпјутер предвиде кој ќе биде новиот шампион на Англија


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Минатата сезона Ливерпул и Манчестер Сити водеа битка до последното коло за титулата во Премиер лигата, со што Граѓаните на крајот стигнаа до трофејот со предност од еден бод.

Оваа сезона, ќе го гледаме истото сценарио, барем ако му веруваме на суперкомпјутерот. Сити повторно би завршил пред Ливерпул, а Тотенхем и Манчестер Јунајтед би завршиле на третото односно на четвртото место.

Според предвидувањето на суперкомпјутерот, Брајтон, Шефилд Јунајтед и Њукасл немаат причина да бидат задоволни затоа што ќе испаднат од Премиер лигата.

Според овие предвидувања, Арсенал уште една година во низа ќе остане без трофеј на Лигата на шампионите и ќе заврши на петтото место, а Челси ќе остане на шестото место.

Новата сезона во Премиер лигата ќе започне во петок кога првиот натпревар од првото коло ќе го одиграат Ливерпул и Норвич, а интересно ќе биде да се види како ќе изгледа табелата на крајот на шампионатот.