Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид нема да се засили, нивна цел се двајца млади Французи, Камавинга од Рен и Бадаишиле од Монако, кој го сака и Манчестер Јунајтед.
Но, овие два трансфери треба да следат во 2021. година, иако мадриѓаните се обидуваат да ја добијат опцијата за купување од двата клуба, односно да плаќаат дел од трансферот однапред, со цел да ја избегнат трката следното лето.
Зидан започна со 12 играчи, плус младинците кои ја освоија Лигата на шампионите за млади, останатите ќе се приклучат по репрезентативната пауза.
Одегард се врати од позајмицата, тој не е подготвен за Норвешка, па остана во Мадрид, од друга страна, „Марка“ тврди дека има два нерешени случаи.
Едниот е Герет Бејл, што можеби не е енигма, тој не сака да оди никаде, иако Зидан не смета на него, а другиот е Родригез, кој е на работ на договор со Евертон. Сепак, сè уште не е готово околу Колумбиецот затоа што некои други клубови би можеле да се вклучат во трката по неговиот потпис.
Маријано Дијаз е проследен кон тимот на Бенфика, иако тој сè уште не се согласил да си замине, а се бара решение и за други играчи како Мајорал …
Оскар ќе биде продаден, Валехо ќе биде во Гранада до следното лето, Кубо во Виљареал, Рејни е позајмен во Дортмунд. Се чини дека Себаљос ќе остане, односно нема да биде продаден на Арсенал.
Местото на Јовиќ е зацементирано, Хакими и неколку помлади играчи заминаа порано, а Ареола се врати во ПСЖ, Лунјин, кој беше на позајмица, ќе биде резервен голман, Одриозола е сеуште на одмор, а беше и на позајмица во Баерн, но тој ќе биде во тимот за следната сезона.
Регилон си заминува, дури три или четири клуба, заедно со Тотенхем, се заинтересирани за Шпанецот кој минатата сезона беше во Севилја, Челси испадна, но се зборува за Јунајтед, Јувентус, како и на неколку шпански клубови. Реал би сакал да вметне клаузула за негово евентуално враќање, да не заборавиме, Брахим Дијаз беше продаден во Милан, односно трансферот ќе биде официјализиран денес.
Значи, да не набројуваме, но Зидан, со престојот на Бејл во сезоната, ќе започне со 22 играчи и тројца голмани, што е оптимална бројка со која Французинот сака да работи.