Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Kабиб Нурмагомедов во моментов е еден од најуспешните борци на ММА во светот.
Фантастичниот дагестанец кој ја држи титулата во лесна категорија на УФЦ е сè уште непоразен (28-0) и ќе има нов предизвик на 18 април кога појасот ќе го брани против Тони Фергусон.
Тоа сигурно ќе биде најголемиот предизвик во кариерата за Кабиб, а по овој натпревар „Орелот“ ќе се бори уште еднаш или два пати, по што ќе ја заврши кариерата.
Ова порано го најави неговиот татко Абдулманап, а истото го повтори во интервју за руските медиуми.
“Мислам дека ќе биде вистинско време Кабиб да ја заврши својата кариера во следната година и пол или две. Тој ќе има уште три борби максимум. Две сигурно ќе бидат, можеби ќе има трета”, рече јасно Абдулманап.
Тоа значи дека ќе го гледаме Кабиб против Тони Фергусон и во најдобар случај во уште две борби. УФЦ сака нова борба против Конор МекГрегор и токму таа, целокупната борба може да биде и последна.
Сепак, Кабиб има доволно наследници во Дагестан. Во УФЦ има сè повеќе борци од овој регион и ќе видиме дали некој од нив успеал да стигне до славата што ја има Орелот.