Таткото на Погба: Пол ќе избере каде ќе игра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба, ова лето би можел лесно да ја промени средината.

За тоа за една италијанска ТВ станица зборуваше таткото на популарниот фудбалер, Антоин Погба кој порача дека неговиот син ќе биде слободен во донесувањато важна одлука.

“Точно е дека за мојот син се интересираат Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Од него бараме само да игра во некој голем клуб, што секако ќе биде случај. Веќе е”.

“Во останатото нема да се мешаме Погба е слободен сам да ја донесе одлуката за новиот клуб. Дали имало контакт од страна на Реал Мадрид? Да”- изјави таткото на Погба.

Пол Погба во Јувентус пристигна во 2012 година како слободен играч, а неговата вредност денес се проценува на повеќе од 100 милиони евра.