На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
Холандскиот менаџер Ерик тен Хаг наскоро ќе се врати на работа откако есента беше отпуштен од Манчестер јунајтед.
На многумина им беше јасно и порано, но сега сите ја поддржуваат таа теза – најголемиот проблем во Јунајтед не се менаџерите, туку функционирањето на клубот. Ништо не се смени сликата откако Ерик тен Хаг замина од Манчестер и дојде Рубен Аморим. Всушност, ситуацијата е уште полоша.
Но, за Јунајтед веќе многу пати пишувавме оваа сезона… А и за Ерик тен Хаг исто така, бидејќи сега како слободен се повлече. Така ќе биде до крајот на актуелната сезона, по што планира повторно да го прави тоа што најмногу го сака.
“Одлучив да не прифаќам ниту еден деловен предлог до 1 јули и почетокот на подготовките за новата сезона“, изјави Холанѓанецот во подкастот “SEG stories”.
И покрај тоа што имаше повеќе облачни отколку сончеви денови во Јунајтед, од перспектива на резултати, бидејќи тоа се нормални временски услови за тој предел, што му недостасува на Ерик?
“Единственото што ми недостасува е ‘Олд Трафорд’“, призна тој.