Тер Штеген ја напушта Барселона?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген добил две големи понуди.

Според Кадена Сер, одличниот германски голман има понуди од Челси и Баерн Минхен, но Каталонците се убедени дека тој ќе го продолжи договорот.

“Раководството на Барселона е оптимист за проширување на соработката, за разлика од луѓето кои се грижат за кариерата на Тер Штеген. Сепак, тој има волја да преговара”, пишува Кадена Сер и наведува дека овој голман има две понуди.

Новинарот Кристобал Часион донесе информација дека Тер Штеген го посакуваат во Челси и Баерн и дека веќе го контактирале за можен трансфер.

Тер Штеген е член на Барселона од 2014. година, а договорот е до јуни 2022. година.