Коларов промаши пенал после повеќе од девет години


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рома вчера на гости го победи Лече со минимален резултат од 1:0 во рамките на шестото коло на италијанската Серија А.

Волчицата успеа да дојде до три бода на почетокот на второто полувреме кога Един Џеко го постигна единствениот гол кој му беше асистиран од Михтарјан. Победата на Рома можеше да биде убедлива, но во финишот на натпреварот Александар Коларов промаши пенал.

Коларов е самоуверен и многу добар изведувач на пенали, вчера шутна многу добро, но голманот на Лече со фантастичната интервенција успеа топката да ја прати во корнер.

Колку е сигурен Коларов говори фактот дека вчера по прв пат промаши пенал по 2010. година. Тогаш Коларов играше за Лацио и не ја искористи пенал шансата против Бари.