Тој е неуништлив! Ван Гал доби нова работа од соништата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луј Ван повторно може да биде во центарот на вниманието.

Имено, после што Марк Вилмотс доби отказ на клупата на Белгија, Ван Гал е прв кандидат за негов наследник.

Според пишувањата на англиските медиуми, ФС Белгија и поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед се во интезивни преговори и наскоро може да се постигне договор.

Во Белгија веруваат дека цврста рака и искуството кое го има Ван Гал, може да биде вистинско решение за одличната генерација која на претходното ЕП стигна до четвртфиналето.

„Ние немаме пари како Франција, Шпанија или Германија, а Ван Гал има високи примања. Ако сакаме да биде селектор, ние сме спремни да преговараме, но со реални примања“, рече генералниот секретар на ФС Белгија Линар Жерар.

Ван Гал во кариерата ја предводеше само репрезентацијата на својата земја, и тоа во два наврати, од 2000 до 2002, а потоа од 2012 до 2014 година кога стигна до полуфиналето на СП.

Да потсетиме, Ван Гал во претходните две сезони ги помина на клупата на Манчестер Јунајтед, но после разочарувачките резултати и само еден трофеј во ФА Купот, го напушти клубот, а го замени Жозе Мурињо.