“Тој изгледа добро, тој е во врска со пејачка, има кул брада, но тој е сосема просечен играч”


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и интернационалец на Аргентина (освојувач на Светско првенство) Оскар Ругери „го прогласи“ стоперот на Барселона, Џерард Пике за просечен фудбалер.

Ругери исто како и Пике играше во срцето на одбраната за време на неговите играчки денови.

„Пике е второкласен, просечен играч, како мене, како и многу други“, изјави Ругери за аргентинскиот ФОХ Спорт и продолжи:

“Таа изгледа добро, таа е во врска со пејачката … има кул брада, но ако играше за Валенсија тој не би бил славен. Но, тој заврши во Барселона”.

„Тој е како мене – потполно просечен. Добар дефанзивец, но ништо повеќе од тоа. Тој никогаш не е под притисок, освен против големите тимови“, додаде Ругери.

Аргентинецот тогаш откри кој смета дека е најдобар стопер на светот. Според него, тоа е капитен на Реал.

„Серхио Рамос е далеку најдобриот стопер во светот“, рече Ругери.