Томас Лемар ги изненади сите избирајќи го новиот клуб


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Томас Лемар е на излезната врата на Атлетико Мадрид.

Овој 24-годишен фудбалер пристигна во Атлетико летото 2018. година за 70 милиони евра, но сè уште не ги исполни очекувањата. Лемар не се вклопи најдобро во составот на Диего Симеоне и јасно е дека тој не покажува квалитетни натпревари како што покажуваше порано во Монако.

Веќе некое време се шпекулира дека репрезентивецот на Франција ќе го напушти Атлетико и својата кариера ќе ја продолжи во Англија. Лемар се поврзуваше со Арсенал и Челзи, но неговиот нов клуб би можел да биде сосема неочекуван избор.

Островските медиуми утрово јавуваат дека Лемар е во сериозни преговори со Вулверхемптон и е подготвен да потпише за клубот. Англиски Сан пренесува дека единствената работа е клубовите да се договорат за трансфер, или дали Лемар ќе дојде на позајмица до крајот на сезоната.

Атлетико е заинтересиран веднаш да ги продаде Французинот, но бараат 60 милиони евра, што е тешко за очекување некој да плати во јануари.