Тони Крос потпиша нов договор со Реал Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германскиот фудбалер Тони Крос оваа недела е честа мета на шпекулациите дека на крајот од сезоната ќе го напушти Реал Мадрид.

Кралскиот клуб направи големи промени во играчкиот кадар ова лето после една од најлошите сезони која ја одигра во последните неколку години. Јасно е дека многу играчи ќе го напуштат клубот, дури и тие што околу кои е формиран „костурот“ на екипата.

Шпанските медиуми во последно време доста шпекулираа дека куферите ќе ги спакува и Крос кој наводно има понуди од Англија. Но, германскиот играч денеска сето тоа го демантираше со тоа што потпиша нов договор со Кралевите.

Реал Мадрид на својата официјална страница потврди дека Крос сигурно ќе остане бидејќи денеска потпишал нов договор со Реал. Кралскиот клуб му даде договор до летото во 2023 година и покажа дека и понатаму сметаат на него.