Тотенхем на прагот на потпишување на уште едно големо засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тотенхем минатата сезона направи многу добра работа, посебно во Лигата на шампионите каде малку им фалеше да го освојат трофејот.

Доста засилени ќе бидат и во наредната сезона, секако со обзир на засилувањата кои се доведени, а уште едно е на прагот на потпис.

Петлите се многу близу до доведување на играчот од Реал Бетис, Ло Селса кој зад себе има фантастична сезона.

Тој во Бетис стигна од ПСЖ на позајмица со право за откуп, кое управата на овој клуб го искористи поради неговата одлична игра.

Управата на Тотенхем веќе преговарала околу доаѓањето на Ло Селса, но тогаш се чекаше Фекир да потпише за Бетис.

Тоа се случи, а сега патот кон Лондон на Ло Селса е отворен.

Тотенхем ќе мора да го плати 60 милиони евра.

Наводно ќе потпише договор на четири години и по сезона ќе заработува четири милиони евра.