Тотенхем понуди 45 милиони евра на Шалке и бара 38 милиони од Волфсбург!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пеачите испратија страшна понуда за суперталентираниот играч за врска од Гелзенкирхен, а од нивниот ривал во Буднеслигата бараат сериозна сума на пари за својот напаѓач.

Тотенхем не  испука рафал во текот на преодниот рок, но изгледа дека таа најважната мониција ја сочува за последниот ден од преодниот рок.

А намерите им ги откри германски Билд, кој пишува дека Пејачите официјално понудија 45 милиони евра на Шалке за суперталентираниот играч за врска Максимилијан Мејер, а од друга страна од Волфсбург бараат дури 38 милиони евра за корејскиот напаѓач Сон Хеунг Мин.

Сепак, Волците досега беа спремни да издвојат само 30 милиони евра, но времето истекува…

Клубот од Лондон досега потроши 47 милиони евра на Винсент Јансен, Виктор Ванјама и Жорж Кевин Нкуду, но јасно е дека комплетниот буџет не е надминат.

Мејер би бил освежување за онака младиот состав на Маурисио Покетино, кој по неговото доведување дополнително доби на свежина и агилност. Иако има само 20 години, младиот играч за врска веќе три сезони е првотимец на клубот од Фелтинс Арена, а одигра вкупно 125 мечеви во сите натпреварувања и постигна 19 голови.

Што се однесува до Сонг, и за него најдобро е во ова лето да ја промени средината, бидејќи ќе биде исклучително тешко да го пронајде своето место во тимот. Сепак, прашање е дали управата на Волфсбург ќе биде спремна да го исполни барањето на клубот од Вајт Харт Лејн, кој тим со тие пари ќе им овозможи сериозно да се расфрлат во последниот ден од преодниот рок.