Трансфер на летото на повидок: Билиќ доведува играч од 80 милиони евра!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според пишувањата на медиумите во Шпанија, Вест Хем е спремен да ги победи Манчестер Јунајтед и Челси во трката за потпис на одличниот фудбалер на Реал Мадрид – Хамес Родригез!

Популарните „Чекани“ се спремни да го одврзат кесето и да го грабнат на конкуренцијата колумбискиот репрезентативец, кој во оваа сезона беше незадоволен со минутажата која ја добиваше во ротацијата на Зидан.

Токму тој недостаток на минути што е незадоволен е глафвна причина  зошто во овој преоден рок може да ја промени средината, пренесува влијателната Марка.

Тешко е да се прогнозира реализација на овој трансфер со оглед дека Вест Хем е далеку од конкуренцијата која е спремна да го доведе Родригез земајќи ги во предвид големината на клубовите кои се борат за потпис на колумбиецот.

Но во блиско минато се покажуваше дека се е можно со поголема сума на пари.

Хамес во Реал стигна во 2014 година после СП на кое беше главна ѕвезда. Во оваа сезона запиша 17 настапи во кои запиша 7 погодоци и 8 асистенции.