Трансферот на ѕвездата на Реал Мадрид е готова работа


Лига на Шампиони: Нова сезона, нови очекувања! ↓↓↓


Како што стојат работите Хамес Родригез ќе го напушти Реал Мадрид.

Фантастичниот Колумбиец има неколку понуди на маса, но неговата следна дестинација најверојатно ќе биде Манчестер Јунајтед.

Дон Балон тврди дека Хамес почнал да бара куќа во Манчестер.

Агентот на Хамес е Жорж Мендеш, човекот кој го застапува и Мурињо. Колумбиецот после две години ќе ги напушти кралевите, а во Европа има играно за Порто и Монако.