Траоре пред потпис со Шкупи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Французинот, Траоре Алиу Падара кој минатите шест месеци играше за косовската Вуштрија е пред потпис со македонскиот прволигаш, Шкупи.

Траоре би требало да го засили средниот ред на чаирчани, а може да игра и на крилните позиции. Според македонски спорт, се е договорено за овој трансфер, остана уште потписот.

Овој фудбалер некое време е со своите нови соиграчи, а на трибини беше и на натпреварот против Работнички.

Исто така, Шкупи се обидува да потпише договор со уште еден француски фудбалер, Емануел Мбела. Мбела има камерунско потекло, а минатата сезона играше во албанскиот Билип Балш. Овој фудбалер е крило, а може да игра и како напаѓач. Французнот сака да дојде во Шкупи, но проблемот е оштетата која ја бара албанскиот клуб.