Три ракометни ѕвезди вечерва се простуваат од францускиот дрес


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ракометната репрезентација вечерва го игра својот последен меч на овогодинешното Европско првенство против Босна и Херцеговина.

Триколорите шокантно по две кола во групната фаза се елиминирани бидејќи ги загубија натпреварите против Португалија и Норвешка. Тоа е најголемото разучарување во последните 20 години за Франција, а овој неуспех ќе означи крај на една ера, барем кога е во прашање Европското првенство.

Од репрезентативниот дрес, се простуваат три големи ѕвезди – Мишел Гигу, Лук Абало и Седрик Сорендо. Они неодамна порачале дека евентуалниот турнир на Олимписките игри во Токио ќе им биде последен турнир за Франција што значи дека моментално го играат последното Европско првенство.

Доколку Французите не обезбедат пласман во Токио, очигледно е дека ова е последен турнир на големите натпреварувања за нив за репрезентативниот дрес.