Триумф на Барселона - Нејмар останува до 2021-ва, а клаузулата повеќе од 200 милиони евра

Бразилецот останува на Камп Ноу.

Јасна порака за сите заинтересирани за Нејмар. Нејмар останува во Барселона бидејќи каталонците соопштија дека потпишаа нов договор до 2021-ва година.

Откупната клаузула во првата година е одредена на 200 милиони евра, во втората ќе скокне на 220 милиони евра, а во трите последни 250 милиони евра.

Колку ќе заработува Нејмар не се знае, но според некои извори 15 милиони евра годишно.