Триумф на Барселона – Нејмар останува до 2021-ва, а клаузулата повеќе од 200 милиони евра


Дерби во Англија, Столе против кралевите во Мадрид ↓↓↓


Бразилецот останува на Камп Ноу.

Јасна порака за сите заинтересирани за Нејмар. Нејмар останува во Барселона бидејќи каталонците соопштија дека потпишаа нов договор до 2021-ва година.

Откупната клаузула во првата година е одредена на 200 милиони евра, во втората ќе скокне на 220 милиони евра, а во трите последни 250 милиони евра.

Колку ќе заработува Нејмар не се знае, но според некои извори 15 милиони евра годишно.