Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Работнички се засили со 19-годишниот црногорски фудбалер Момчило Рашо кој стигна од Дечиќ.
Раководството на клубот потпиша 2-годишен договор со Момчило Рашо.
„Работнички продолжува со ангажман на млади фудбалери, сега дополнително засилувајќи ја одбранбената линија за новата сезона со црногорскиот интернационалец. Задоволни сме од стартот на новата сезона во домашниот шампионат, но секако и со новите ангажмани размислуваме околу зголемувањето на конкуренцијата во тимот за престојното првенство“, изјави спортскиот директор на Работнички, Иван Поповски.