Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ракометарите на Металург денес играа против дебитантот во суперлигата, Работник на турнирот во Струга.
Составот на Работник играше фантастично на почетокот на првото полувреме. Металург почека до пресврт пред крајот на првото полувреме, 11:10. Второто полувреме донесе подобра игра на Металург кој на стартот имаше 14:10 се до 45-та минута кога ракометарите на Работник израмнија на 16:16. Металург ја врати предноста набрзина и на крајот славеше со 21:19. Талески со 6 погодоци беше најефикасен во Металург, Марчец и Костески додадоја по 5 погодоци. Кај Работник најефикасен беше Пецаковски со 6 погодоци.
Ракометарите на Пелистер доживеаа дебакл на турнирот во Струга од францускиот Шарт. Битолчаните со младите ракометари не успеаа да му се спротистават на францускиот клуб. Пелистер имаше огромни проблеми во нападот и затоа до полувреме постигнаа само 7 погодоци. На полувреме резултатот беше 12:7. Во второто полувреме доминираше Шарт и славеше со 28:15. Шан со 6 погодоци го предводеше Шарт до победа, а Павловиќ со 4 погодоци беше најефикасен во Пелистер.