Урнебесна средба на Крауч и Памела Андерсон додека сопругата била присутна


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Питер Крауч во текот на својата кариера и тоа како има занимливи приказни.

Со висина од преку 2 метри предизвикува внимание каде и да се појади, а во последните неколку години често знае да раскаже анегдоти од својата кариера.

Овој пат се потсети на една ситуација со Памела Андерсон и неговата сопруга Аби. Питер сакал да се фотографира со славната глумица, но наместо тоа добил излив на љубомора од страна на својата сопруга.

„Ја запознав Памела на настан кој беше организиран од неа. Беше пред мене и и реков на Аби: Сваќаш ли дека морам да имам фотографија со Памела. Таа ми одговори: Не, не мораш“, раскажа Питер и продолжи:

„Пробав да и објаснам како не сфаќа, дека момците ќе бидат многу изненадени и дека морам да им испратам фотографија со Памела. Аби уште еднаш ми рече дека нема шанси и сето тоа заврши“, раскажа Крауч.

Нема да биде никакво чудо доколку Крауч во иднина одлучи да напише книга со анегдоти од неговата кариера.