Уште еден македонски фудбалер е на прагот да се пресели во Шкотска


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот од македонската репрезентација можеби ќе биде следниот играч од Македонија што ќе се приклучи на шкотското првенство.

Според најновите информации од медиумите во Шкотска, тимот на Хиберниан ја разгледува можноста да го ангажира Јани Атанасов.

Македонецот има договор со Краковија до јуни 2026 година. Оваа сезона настапи на 11 натпревари кои очигледно привлекоа внимание.

Во Шкотска веќе играат тројца Македонци – Кристијан Трапановски и Давид Бабунски во Данди, а Давор Здравкоски е при Мадервил.