Уште една лига доби шампион без доигрување


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поради пандемијата на коронавирус во Европа веќе завршија неколку лиги, во некои се прогласија шампиони, додека во некои земји тоа не е случај.

Со гласовите на ФС Малта, вчера беше решено екипата на Флоријан да биде прогласена за шампион на земјата која имаше предност од три поени во однос на Валета во моментот на паузата.

Од Валета инсистираа на тоа дека титулата не треба да се доделува со оглед на малата разлика во бодови и бараа да се поништи сезоната.

Сепак, ФС Малта кој го сочинуваат претставници на клубовите мислеа поразлично, а на вчерашната видео конференција беше решено титулата да се додели на Флоријан.

На видео конференцијата учествуваа 76 делегати, по дискусијата која траеше неколку часа. На крајот, 48 гласови беа за, 18 против, шест воздржани, додека четири делегати воопшто не гласаа.

Патем, Флоријан беше шампион на Малта последен пат во 1993. година, ова е 26-та титула во историјата на клубот, со што се изедначи со Слим Вандерерс.

Откако ја освоија титулата, навивачите на Флоријан излегоа на улиците и го прославија трофејот што го чекаа 27 години со факели и пеење песни.

Шампионите во втората и третата лига беа прогласени на ист начин.