Уште една желба на Перез не сака во Реал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанецот нема намера да го напушти Париз.

Марко Верати со Пол Погба и Андре Гомеш беше една од желбите на Флорентино Перез во летниот преоден рок, но Италијанецот потврди дека останува во Париз.

„Луѓето од Пари Сен Жермен разговараа со мене неколку пати и секој пат доаѓавме до истиот заклучок. Имаме заеднички амбиции да продолжиме понатака и одиме во нови победи. Во Париз сум веќе четири години, сега ја почнувам својата петта, ПСЖ стана моја фамилија. Ќе останам барем додека не ја освојам ЛШ, тоа е моја најголема и примарна цел“, рече Верати и додаде:

„Убаво е кога за тебе се интересира еден таков каков клуб како Реал, но моите желби се подруги. Сакам да останам во Пари Сен Жермен“, истакна Верати.

Да потсетиме, во ПСЖ во ова лето стигнаа Мение. Ло Селсо, Криховјак и Бен Арфа, а заминаа Ван Дер Вил, Диње и Ибрахимовиќ.