Ништо од Арсенал, потврди и претседателот на клубот.


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


Изгледа дека Топџиите ќе останат без долго очекуваното засилување.

Џејми Варди е се подалеку од Емирати.

Наводно Арсенал ја активира клаузулата во неговиот договор, но изгледа дека играчот нема намера да го напушти клубот кој му помогна денеска да биде каде што е.

Навивачите на Лестер Сити и во наредната сезона ќе го гледаат својот љубимец во синиот дрес на тимот од Кинг Пауер стадионот, а за тоа зборуваше и потпретседателот на клубот Ајават Шриваданапраба.

„Наскоро ќе ги видите вестите, но мислам дека ќе остане.

Ние мораме да изградиме тим. И понатака веруваме дека можеме да направиме нешто посебно во Премиер лигата и во Лигата на шампионите“, изјави Ајават, потпретседателот на клубот и син на претседателот Вичаи Шриваданапраба.

„Лигата на шампионите ќе биде фантастична работа за Лестер. Лестер а аутсајдер и мислам дека и понатака можеме да бидеме аутсајдери“, додаде потпретседателот на Лисиците.