Венгер доведе засилување, навивачите на Арсенал разочарани


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал конечно доведе засилување во нападот.

После многу шпекулации и имиња кои се поврзуваа со топчиите, нов фудбалер на лондонскиот клуб ќе биде Лукас Перез.

Досегашниот фудбалер на Депортиво во следните денови ќе потпише за Арсенал, а шпанскиот клуб ќе добие 20 милиони евра.

Шпанскиот фудбалер зад себе има богата кариера. Играше за Рајо, Динамо Киев, Карпати и Паок.

Последните две сезони го носи дресот на Депортиво каде на 48 натпревари постигна 24 погодоци.