Венгер има лукав план


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јасно е дека на Арсенал е потребно засилувања во нападот, но досега ништо не е конкретизирано.

Арсенал ја договори соработката со Такума Асано, но е сосема јасно дека младиот Јапонец ќе мора многу да направи за да успее да стигне до првиот тим.

Значи, Венгер останува со два шпица на располагање, Оливие Жиру и Дени Велбек.

Тој англиско-француски тандем не беше претерано убиствен во претходните сезони, и е јасно дека квалитетно засилување во нападот е неминовност за Топџиите.

Се доведуваа многу големи имиња во врска со Емирати, се споменуваше и Пипита, сите мислеа дека Гунер може да стане Алваро Мората, но ништо од тоа не се случи.

Потоа се зборуваше за Ислам Слимани, Ромелу Лукаку, а на крајот се споменуваше и Александер Лаказет.

Многумина сметаат дека Французинот од редовите на Лион би бил вистинско засилување за Топџиите, но Венгер ниако да тргне во преговори.

Сега има ново име на радарот на Арсенал.

Во прашање е напаѓач, кој моментално делува како најреална опција, Карлос Бака.

Колумбиецот и покрај добрата сезона е на излезни врати од Милан.

Вест Хем сериозно загриза, на масата на Галијани стоеше понуда од Чеканите од 25 милиони фунти, но екипата на Славен Билиќ не исполнуваше еден услов кој Бака го има.

Тие нема да играат во Лигата на шампионите во наредната година, што Венгер може лукаво да го искористи и на својот тим да се приклучи прекопотребен голгетер.

Оваа опција би била и релативно „евтина“ за Арсенал, како што се напаѓачи како Лаказет, Лукаку, Мората и Игуаин делуваат далеку поскапо.

Заинтересиран е и Наполи, и Колумбиецот е на слатки маки во изборот на нов клуб.