Венгер купува дефанзивец на Монако?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите во Англија пишуваат дека менаџерот на Арсенал Арсен Венгер сака да го купи дефанзивецот на Монако Марсел Тисеран.

Се работи за фудбаллер кој може да игра на позиција десен бек и стопер.

23-годишниот фудбалер потекна во младинскиот погон на Монако, а за првиот тим дебитираше во 2013 година.

После шест настапи за првиот тим во таа сезона, преминува во Ленс на позајмица, а тогаш во истата таа година ја менува средината и оди на позајмица во Тулуз за кој тим настапуваше и во минатата сезона и забележа 38 настапи.

За Тисеран наводно заинтересиран е и шпански Еспањол.