Венгер во среде кризна ситуација со повредите, испраќа дефанзивец на калење


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако последната линија претрпе најголеми проблеми, францускиот стратег може да пушти еден играч од одбраната да оди на едногодишна позајмица.

Се е поголем бројот на заинтересирани клубови за фудбалерот на Арсенал Калум Чемберс.

Младиот фудбалер кој изненадно во минатото лето стигна на Емирати од редовите на Саутемптон, сеуште не доволно спремен за првиот состав на Арсенал, и позајмица е логично решение.

Сепак, проблемот лежи во повредите на Мартезакер и Паулиста, а поради тоа Чемберс токму на премиерата на новата сезона го сочинуваше тандемот на на позиција централен бек со Роб Холдинг.

Од друга страна, неговото заминување може да значи и доаѓање на еден дефанзивец, а познато е дека Топџиите веќе некое време преговараат со Валенсија околу Мустафи, па ова е уште една јасен знак дека Германецот може на Емирати.

Подмладок на познатата школа на Саутемптон, дебитираше за првиот тим на Светците во 2012 година, а за две сезони на Сент Мери забележа 22 настапи во Премиер лигата.

Арсенал изненадно го зеде на крајот од јули 2014 година, а Саутемптон на име трансфер можеше да заработи и до 16 милиони фунти благодарение на одредени бонуси.

Да го доведат на позајмица заинтересирани се Хал, Мидлзборо и Вест Бромвич, а интересно дека е и италијанска Рома, која добро соработува со Арсенал, е заинтересирана за неговите услуги.