Видал се прости од соиграчите и го испразни шкафчето во соблекувалната, а потегот ги воодушеви сите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал најверојатно денеска ќе пристигне во Милано на лекарски прегледи.

Шпанските медиуми синоќа објавија дека Барселона и Интер договориле се за Видал и дека тој денес ќе отпатува во Милано за да ги помине лекарските прегледи и да потпише тригодишен договор со новиот клуб.

Интересно е што Интер ќе плати само 500.000 евра плус бонуси за Видал, што е доказ дека Барселона сакаше само да се ослободи од него. Видал се очекува денес на лекарски прегледи, а некои фоторепортери веќе го чекаат на аеродромот во Милано.

Исто така, треба да се додаде дека Видал се прости од соиграчите од Барселона на вчерашниот тренинг, и им потврди дека го напушта клубот и оди во Интер.

Видал исто така го испразни своето шкафче во соблекувалната и јасно е дека нема да се врати во тренинг центарот на каталонскиот клуб. Видал исто така направи џентлменски потег затоа што најпрво го замоли Роналд Куман да разговара со него и му рекол да не се лути што го отпишал.