Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден од најголемите боксери на сите времиња Мајк Тајсон наскоро се враќа во рингот.
Тајсон договори борба на 12. септември против легендарниот Рој Џонс Јуниор, а спектаклот под покровителство на „Legends Only League“ ќе се одржи во спортскиот парк Dignity Health Sports во Калифорнија.
Самата објава за враќањето на Тајсон ви ја замрзнува крвта.
I. AM. BACK. #legendsonlyleague. September 12th vs @RealRoyJonesJr on #Triller and PPV #frontlinebattle @TysonLeague pic.twitter.com/eksSfdjDzK
— Mike Tyson (@MikeTyson) July 23, 2020
И додека се најавува спектаклот во Лос Анџелес, се зборува и за еден детал, а тоа е дека Тајсон потпиша договор за борба додека пуши „џоинт“.
Тајсон промовира употреба на канабис и ги смета за лековити растенија, а инаку поседува плантажа со марихуана.