Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на ПСЖ синоќа се квалификуваа во полуфиналето на ЛШ, откако во Лисабон ја совладаа Аталанта со 2:1.
Најдобар играч на натпреварот беше Бразилецот Нејмар кој направи дар – мар во одбраната на Аталанта.
Иако не успеа да реализира две стопроцентни шанси, Нејмар направи одлична работа пред голот на противникот затоа што беше постојана закана, а на крајот беше асистент во првиот гол и учествуваше во акцијата во вториот.
Нејмар синоќа направи дури 16 дриблинзи и со тоа стана само третиот играч во историјата на Лигата на шампионите со ваков ефект во еден натпревар.
Пред него, успеаја Лионел Меси против Манчестер Јунајтед во 2008. година и Хавиер Занети против Динамо Киев пет години претходно.
Погледнете ги некои од најдобрите потези на Нејмар од синоќешниот натпревар:
Neymar Jr vs Atalanta
— DIEGO ❂ (@TheRonaldoZone) August 12, 2020
The best attacking midfielder on the planet showing up on the big stage, never hid himself in the most important moments of the game. pic.twitter.com/Shq52Z6tcT