Винициус по натпреварот: Роналдо дојде во нашата соблекувална на полувремето


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа остварија победа на домашен терен од 2:0 против Барселона.

Мечот го следеше и поранешниот играч на клубот, Кристијано Роналдо, кој има постигнато 311 гол на 292 натпревари во девет години во тимот.

Тој освои сè со Реал Мадрид, а откако ја освои четвртата титула во Лигата на шампионите, реши да се пресели во Јувентус.

На „Сантијаго Бернабеу“ синоќа тој беше пречекан со овации од домашните навивачи, а тој возврати со автограми на дресовите од поранешниот клуб.

Интересна изјава за Роналдо по натпреварот даде Винициус, кој рече дека Роналдо решил да ги мотивира своите поранешни соиграчи.

“Роналдо дојде на нашата соблекувална на полувремето и ни даде морална поддршка. Затоа го прославив голот како него”, изјави Винициус по натпреварот.