„Вистина е, голем навивач сум на овој англиски тим“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот чувар на мрежата Џанлуиџи Буфон призна дека е голем навивач на еден англиски тим.

Имено, неговиот Јувентус во недела ќе игра пријателски меч против Вест Хем на отворањето на новиот стадион на оваа англиска екипа, а Буфон пред овој меч даде многу интересна изјава.

Имено, тој рече дека е голем навивач на Вест Хем, уште од денот кога не се занимаваше со професионален фудбал.

„Голем фан сум на Вест Хем веќе долги години. Тоа е поради навивачите кои ги знам уште од времето кога бев навивач. Тие момци со голема енергија го бодрат својот тим и тоа многу ми се допаѓа. Истотака, многу ми се допаѓа и грбот на клубот“, рече Буфон.