Во Барселона се предомислија и ја излажаа Валенсија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот напаѓач од Барселона, Мунир Ел Хадади сезонава ќе игра како позајмен играч во Валенсија.

Овој 20 годишен фудбалер на Местаља пристигна во склоп на трансферот на Пако Алкарес во Барселона.

Валенсија на крајот на сезоната би требало доколку сака да го откупи Ел Хадади да исплати 10.2 милиони евра, но спортскиот директор на Барселона Алберт Солер порача дека тоа нема да се случи.

„Мунир во Валенсија е испратен за да стекне искуство во голем тим и да добива минутажа. Потоа сакаме тој да се врати, за продавање не размислуваме“ – порача Солер.