Во Премиер лигата има ново правило кое Арсенал го искористи во своја корист


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Навивачите на Олд Трафорд забележаа нова “снаодлива” тактика на Арсенал во однос на новото правило во Премиер лигата, кое наложува голманите да ја ослободат топката во рок од осум секунди или помалку, во спротивно, противничката екипа добива корнер.

Манчестер Јунајтед и Арсенал го одиграа својот прв меѓусебен натпревар во новата сезона на англиската Премиер лига, а “Топчиите” извојуваа минимална победа и ги освоија сите три бода.

Новата сезона донесе и ново правило што вели дека голманите не смеат да ја задржат топката во својот посед повеќе од осум секунди, инаку следи корнер за противникот. Очигледно, оваа одлука имаше значително влијание врз плановите на Микел Артета, па фудбалерите на Арсенал смислија интересна и иновативна метода да ја свртат оваа ситуација во своја корист.

Играчите на Арсенал наизменично го блокираа голманот на Манчестер Јунајтед, Алтај Бајиндир, кога и да ја држеше топката, надевајќи се дека ќе го принудат Турчинот да ја задржи подолго од дозволеното време и да изнудат корнер.

Ова не е неочекувано, имајќи предвид дека Арсенал оствари 31 гол од корнери во Премиер лигата од почетокот на изминатата сезона – дури 11 повеќе од Ливерпул.