Враќање на Игуаин во Мадрид?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Гонзало Игуаин може да се врати во Мадрид.

Меѓутоа, не во дресот на Реал Мадрид, чиј дрес го носеше дури шест години, веќе во редовите на градскиот ривал Атлетико Мадрид.

Како што наведува Кориере дело Спорт, Атлетико Мадрид спреми огромна понуда вредна 60 милиони евра, плус младиот играч за врска Матиас Краневитер.

Игуаин веќе одамна се поврзува со заминување од Наполи. Се споменуваат многубројни екипи, меѓу кои се Челси, Манчестер Јунајтед и ПСЖ. Фантастичниот Аргентинец во минатата сезона постигна 38 погодоци во 42 настапи за италијанскиот тим, а запиша и три асистенции.