Вредиш 300.000, доаѓаш во Реал, не играш ниту една минута, следното лето малку ти се и 10.000.000


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал кажа НЕ на кинезите за 19-годишниот Лин.

Работата беше завршена минатото лето, едногласната проценка беше дека Реал Мадрид го доведе Лин Лијангминг само да ја зголеми продажбата на дресови на далечниот исток. Тие 300 илјади евра кои беа платени на Гванжу РиФ беа ситница во споредба со она што Лијангминг ќе му донесе на Реал Мадрид ако одигра една минута.

Тоа уште се нема случено, 19-годишниот крилен фудбалер од Кина минатата сезона ја помина во младиот тим на Реал, а и таму беше резерва. Меѓутоа, шпанскиот гигант не се откажува така лесно. Свесни се во Мадрид колку Лијангминг може да им донесе во иднина.

 

Па така раководството на Реал Мадрид одби две понуди за младиот фудбалер. Хебеј каде играат Лавеци, Жервињо и Мбија понуди 7 милиони, па 10 милиони евра. Логиката на Хебеј е јасна.

Реаловата најверојатно се сведува на овие од почетокот 300 илјади кои нема да се приметат во годишната пресметка. Ако Лијангминг се покаже квалитетен, а ова лето е во стартниот состав на Кастиља, Мадриѓани најверојатно ќе ги рушат сите рекорди во врска со продажбата на дресови. Секој Кинез би го купил. Во овој момент ниту 10 милиони не се доволни.

Коцка? Повторно се враќаме на тие 300.000. Статистичка грешка во Реал.